Alte Reutstraße 172, Fürth 90765

0911-79 19 20

Услуги

Компетенција во лекувањето преку специјализација

Секој член на нашиот тим од стоматолози покрај своите добро фундирани вештини на подрачјето основната нега, поседува и посебни знаења во една или повеќе специјалности. Ова е посебно неопходно во деликатни дисциплини, како што е лекувањето на коренските канали или кај имплантологијата.


Современата стоматологија се разви во едно комплексно поле со многу специјализирани подрачја.Ниеден терапевт не може истовремено да го следи развојот во сите дисциплини.Заедно сме во можност да ги покриеме речиси сите подрачја на стоматологијата.


Нашите стоматолошки услуги ги вршиме во склад со високите, проверени стандарди за квалитет.За да им удоволиме на овие високи барања во лекувањето, нашата стоматолошка ординација редовно е сертифицирана од Баварската стоматолошка комора – во служба на здравјето на нашите пациенти.Затоа што односот со Вашиот стоматолог е прашање на доверба.

Нашите услуги:

  • Стоматолошка (дентална) профилакса
    Превентивни програми за деца и возрасни
  • Зачувување на забите
    Третман против кариес,пластични полнења, вметоци од керамика
  • Забни протези
    Забни мостови по мерка, забни крунички, забни протези
  • Имплантологија
    Висококвалитетни забни импланти за фиксна протеза
  • Ендодонција
    Лекување на корен со микроскопска поддршка
  • Лекување на пародонтитис
    Одржлива терапија навоспаление на забното месо и пародонтоза
  • Белење со методата ZOOM
    Белење на забите за блескава насмевка
  • Забна естетика, забен накит
    Козметика за Вашите заби
  • Стоматологија за постари лица
    Здрави заби и квалитетен живот до длабока старост
  • Страв од забарот
    Секоја посебна ситуација на нашите пациенти ја сфаќаме многу сериозно и сочувствително се грижиме за Вашите потреби
  • Третман на виличниот зглоб
    Функционална дијагностика при неправилен загриз
  • Интегрален третман
    Модерни терапии на база на природна медицина и лекување на жаришта
  • Ортодонција
    Лекување на малоклузии (неправилен загриз на вилицата) кај деца и возрасни во соработка со искусен колега
  • Детска стоматологија
    Специјална превентивна програма и безболно лекување на деца
  • Лекување под наркоза
    Лекување на заби под полна наркоза при поголеми зафати или по желба на пациентот